Шумски пожар во популарно турско одморалиште: „Продолжуваме со воздушна и копнена интервенција“

pozarnikari-shuma1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелски комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.


„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа Икс.

Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари, истакнувајќи дека моменталната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.

Во провинцијата Чанаккале, пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Едрене, Баликесир, Караман и Караманмарас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK