­

Шпанските винари: Тарифите на Трамп се сериозен удар за винариите, но и за Американците


vino.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската федерација на винарите ја оцени одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 20 отсто за производите од Европската унија како сериозен удар за шпанските винарии, имајќи предвид дека САД се втор по големина извозен пазар за шпанските вина.


„Овие царини, барем во случајот со виното, се целосно неоправдани бидејќи разликата меѓу постојните царини во ЕУ и САД е минимална“, рече Хозе Луис Бенитез, извршен директор на ФЕВ.

Бенитез предупреди дека оваа мерка ќе им наштети не само на шпанските винари, туку и на американските потрошувачи, „кои консумираат повеќе вино отколку што произведуваат“.

Тој особено посочи дека новите царини најмногу ќе ги погодат малите и средните производители, кои сочинуваат 99 отсто од шпанските винарии, бидејќи имаат помалку можности за диверзификација на извозот и се силно зависни од главните извозни пазари.

Американскиот пазар учествува со околу 13 отсто од вкупниот извоз на шпанско вино. Во 2024 година Шпанија извезла 97 милиони литри вино во САД во вредност од околу 390 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK