Шпанскиот премиер: Сите земји во ЕУ мора да ја признаат Палестина, тоа одамна го ветивме

Шпанскиот-премиер-Сите-земји-во-ЕУ-мора-да-ја-признаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Европа треба да ја признае Палестина од „морални“ и „геостратешки“ причини.


Санчез, 51-годишен социјалист, го даде своето прво интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ откако го освои новиот четиригодишен мандат и откога ги посети Израел, Палестина и Египет.

Шпанскиот премиер смета дека е дојден моментот сите земји од ЕУ да ја признаат Палестина, бидејќи долго време им ветуваат на Палестинците и на арапските земји спроведување на решение за две држави.

„Тоа е вистинската работа бидејќи сите овие години гледавме како Израел систематски ги окупира палестинските територии на Западниот Брег, а сега гледаме и што се случува во Газа“, рече Санчез, чија земја претседава со ЕУ уште еден месец.

„Интересот на Европа е да се реши ова прашање, пред се поради моралните вредности. Бидејќи она што го гледаме во Газа не е прифатливо“, тврди тој.

„Исто така, геополитички интерес на Европа е да го стабилизира регионот, кој, доколку нема мир, може да западне во криза која ќе се прелее во Либан, Египет и Јордан и ќе го дестабилизира Медитеранот, регион кој ни е важен“, вели тој.

Санчез бара да се организира меѓународна конференција на која би учествувале Израел и Палестина, а од која двете земји би си заминале меѓународно и меѓусебно признати, за да живеат во мир и безбедност како соседи.

Тој, исто така, смета дека Европа не може да си дозволи два отворени воени фронта, во Украина и на Блискиот Исток и дека дипломатијата треба да надвладее.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK