Шпанија треба да го задржи данокот на богатство, тврди министерката за труд Дијаз

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанија треба да го задржи данокот на богатство што беше воведен на две години, изјави министерката за труд Јоланда Дијаз пред одржувањето на парламентарните избори.

Дијаз на изборите што ќе се одржат на 23 јули, ќе биде кандидат на левичарскиот изборен сојуз Сумар, кој таа го основа минатата година.



Минатиот петок, на алијансата и се приклучија и партиите Подемос и Изкиерда Унида, кои во моментов се дел од владејачката малцинска коалиција во рамките на Унидас Подемос предводена од премиерот Педро Санчез, шеф на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ).

Владата воведе прогресивен данок на богатство за да собере пари за да ги олесни последиците од војната во Украина и високата инфлација. Граѓаните со имот над три милиони евра го плаќаат по стапка од 1,7 отсто, а тие со имот над 10 милиони евра со стапка од 3,5 отсто.

Се проценува дека го плаќаат околу 25 илјади даночни обврзници.

Во говорот во Мадрид, Дијаз се заложи за поголеми даночни обврски на големите корпорации, не преку повисоки даночни стапки, туку преку „сеопфатна реформа на шпанскиот даночен систем“ за да биде поправеден.

„Не е во ред фризерскиот салон да плаќа данок од 17,5 отсто, а поголем концерн да плаќа 3,5 отсто. Тие кои имаат повеќе треба да дадат повеќе“, рече Дијаз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK