Шпанија спаси 262 мигранти во близина на Канарските острови

Шпанија-спаси-262-мигранти-во-близина-на-Канарските-острови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската крајбрежна стража денеска спаси 262 мигранти кои со три чамци се обиделе да стигнат до Канарските острови.


Во исто време, забележува Ројтерс, лидерите на ЕУ на самитот во Гранада, Шпанија се обидуваат да најдат начин да избегнат нова мигрантска криза со оглед на зголемениот број нерегуларни мигранти во Медитеранот или Атлантикот.

Службите за итни случаи превезоа 103 од 262 спасени мигранти на Јеро, најзападниот и најмалиот Канарски остров, каде во последните шест дена пристигнаа повеќе од 1.200 мигранти. Островот Јеро има само 11.000 жители. Другите спасени мигранти се пренесени во Тенерифе и Гран Канарија. Мигрантите се по потекло од субсахарска Африка, соопштија властите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK