Шолц: Засрамен сум и огорчен од антисемитските инциденти во Германија

Шолц-Засрамен-сум-и-огорчен-од-антисемитските-инциденти-во-Германија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц во синагогата Бет Цион во Берлин на 85-годишнината од „Кристалната ноќ“, кога беше извршен големиот погром против Евреите, изјави дека е засрамен и огорчен од неодамнешниот бран антисемитски инциденти во Германија, предупредувајќи дека Берлин нема да толерира омраза против Евреите.


– Секој облик на антисемитизам го труе нашето општество, рече Шолц, кој носеше кипа, традиционалната еврејска покривка за глава.

Шолц ги повика Германците активно да се спротивстават на маргинализацијата или прогонството на Евреите денес.

– И покрај шокантната историја на холокаустот, Евреите продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и исклучување. Ова е срамота. Тоа ме навредува и длабоко ме засрамува, рече Шолц.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK