Германскиот канцелар, Олаф Шолц, планира наскоро да ги продолжи разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи ескалација на војната во Украина.
„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистински момент. Но, јас сум одговорен политичар, не го правам тоа сам“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.
Тој додаде дека за разговор со Путин потребни се бројни контакти и разговори со други, а за овој проблем треба да се разговара и со Украина.
На прашањето кога би било вистинското време за разговор со Путин, Шолц одговори дека ќе биде „наскоро“.
„Мора да се осигура дека Украина може да се потпре на нас и на другите и дека не мора да се плаши да биде сама. Во исто време, правиме се што можеме за да спречиме ескалација на оваа војна“, рече Шолц.
Тој додаде дека тие мора да одлучат дали војната ќе продолжи на неодредено време или може да се најдат начини за нејзино завршување.
Последен пат Шолц имаше телефонски разговор со рускиот претседател во декември 2022 година.
Официјална Москва на почетокот на октомври објави дека Путин е отворен за дијалог, дури и ако односите со Берлин се „на нула“.