Шолц: Нема поврзаност меѓу кандидатурата на Турција за ЕУ ​​и членството на Шведска во НАТО

Solc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нема врска меѓу преговорите за членство на Турција во ЕУ и влезот на Шведска во НАТО, како што тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Тоа не треба да се гледа како поврзана тема, нагласи Шолц на прес-конференција во Берлин, навремено коментирајќи го неочекуваниот услов што го постави претходно турскиот претседател во изјава за новинарите.


Шолц оцени дека „ништо не стои на патот на Шведска да влезе во НАТО“, што турскиот претседател го кочи со месеци.

-Прво отворете го патот за Турција да влезе во Европската унија, а потоа ние ќе го отвориме патот за Шведска, исто како што го отворивме патот за Финска, изјави претходно Ердоган пред отворањето на годишниот самит на НАТО во Вилнус.

Шолц рече дека гледа „позитивна порака“ во изјавите на турскиот претседател, имено дека зеленото светло за членството на Шведска е „замисливо во блиска иднина“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK