Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

solc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е убеден оти, кога станува збор за реформирање на европскиот систем за азил, мора да се зголеми ефикасноста на мигрантите кои се враќаат, но изрази скептицизам за отворање на прифатни центри за мигранти надвор од ЕУ.


„Криминалците мора да се вратат назад. Мораме да овозможиме имиграција, да обезбедиме заштита на оние на кои им е потребна, но не може секој да дојде“, рече Шолц по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој оцени дека на ЕУ и се потребни „депортации во согласност со европското право“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK