Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска посочи дека е подготвен за разговори за датумот на предвремените парламентарни избори, по распадот на владејачката коалиција.
„Во средата нагласив дека сакам што поскоро нови избори во Германија. А за датумот мораме да разговараме на мир“, рече Шолц на маргините на неформалниот самит на лидерите на Европската унија во Будимпешта.
Тој рече дека би било добро пратеничките групи во Бундестагот да се договорат кои закони би можеле да се донесат пред избори.