Шојгу: Украина губи до 2.000 војници и 28 квадратни километри територија дневно

Sojgu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу денеска изјави дека секој ден се убиени или ранети до 2.000 украински војници и дека Украина во просек губи 28 квадратни километри територија.


Шојгу за телевизијата „Русија 24“ изјави дека Украина со нападот на регионот Курск сака да ја натера Русија да преговара за сопствените услови за завршување на војната и дека Киев планира да ги одврати руските вооружени сили да напредуваат во Донбас, пренесува Риа Новости.

Украинската војска на 6 август изврши инвазија на Курската област со цел да ја заземе таа територија, но според началникот на рускиот Генералштаб Валери Герасимов, нивното напредување било запрено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK