Шестгодишно момче утрово загина во пожар што избувна во семејната куќа, додека неговата мајка и тетка се исчезнати.
Детето било пронајдено мртво во кревет.
„Воените пожарникари од Валча беа замолени, пред кратко време, да изгаснат пожар кој избувна во семејна куќа. Според лицето кое го пријавило пожарот, можно е во куќата да имало уште две лица. На местото на инцидентот веднаш испратиле сили од Противпожарната единица, со четири возила за гаснење, како и амбулантно возило.
Кога пристигнале пожарникарите веќе било доцна бидејќи пожарот ја зафатил целата куќа.
Подоцна војската соопшти дека во спалната соба од куќата открила јагленисана жртва, дете од само 6 години.
Според првичните информации малото момче било имобилизирано од непозната причина, јавуваат романските медиуми.
Лицето кое се јавило на 112 ги известило надлежните дека е можно во куќата во моментот на пожарот да има уште две лица – мајката и тетката на детето.
Пожарникарите, кои веќе го изгаснале пожарот, сега трагаат по двете жени.