Шест лица загинаа, а едно е повредено во пожар во зграда за привремено сместување работници на земјоделски имот во селото Малореченски во Република Татарстан во Русија, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Според првичните податоци, пожарот избувнал поради прекршување на правилата за работа со електрична опрема.
Во соопштението се наведува дека во моментот на пожарот во зградата имало 39 лица, а дека 33 излегле сами надвор од објектот, пренесе Тасс.