Јехја ал-Синвар, шефот на Хамас во Појасот Газа, е избран да го замени Исмаил Ханије за водач на палестинската милитантна група, јави ДПА.
Тој е обвинет дека е организатор на нападите на 7 октомври во јужен Израел во кои загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 луѓе беа заложници.
Ханије сбеше убиен пред речиси една недела додека беше во посета на Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран.
Иран и неговите сојузници ветија остра одмазда против Израел како одговор, предизвикувајќи стравувања од поширока регионална војна.