Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка. Со тоа тој стана четврти владин министер кој поднесе оставка во последните два дена, известија украинските медиуми.
За оставката на Кулеба денеска информираше украинскиот парламентарец Руслан Штефанчук, кој рече дека оставката на Кулеба ќе биде „разгледана на една од следните пленарни седници“, но не прецизираше датум.