Шефот на Телеграм, Дуров останува во француски притвор

Screenshot-2024-08-27-125824.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Телеграм, Павел Дуров, ќе остане во притвор до 48 часа во рамките на истрагата за сајбер криминал, соопшти обвинителството во Париз по донесената одлука за продолжување на притворот синоќа.


Дуров беше уапсен во саботата. Истрагата се однесува на кривични дела поврзани со сомнителни недозволени трансакции, детска порнографија и измама со апликации, како и одбивање да се дадат информации на властите.

Лидерот на руската Дума, Вјачеслав Володин, сојузник на претседателот Владимир Путин, во вторникот тврдеше дека САД стојат зад апсењето на Дуров, основачот и извршен директор на платформата за пораки Телеграм, која игра клучна улога во комуникацијата на војната во Украина.

Володин рече, без да обезбеди докази, дека САД се обиделе да го контролираат Телеграм преку Франција.

„Телеграм е една од ретките и во исто време најголемите интернет платформи на кои САД немаат влијание“, рече Володин.

„Пред претседателските избори во САД, важно е (претседателот Џо) Бајден да ја преземе контролата врз Телеграм“.

Белата куќа не го коментираше апсењето на Дуров, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека апсењето „во никој случај не е политичка одлука“.

Шифрираната апликација Телеграм, со седиште во Дубаи, има близу милијарда корисници и е особено влијателна во Русија, Украина и републиките од поранешниот Советски Сојуз.

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на нефилтрирани – а понекогаш и експлицитни и погрешни – содржини од двете страни за војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK