Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ја повика меѓународната заедница да направи дипломатски напори за да се избегне ширење на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Гутереш „најостро ги осуди нападите утринава на Хамас врз израелските градови во близина на Појасот Газа и централниот дел на Израел“, се вели во соопштението.
Генералниот секретар на ОН изрази „длабока загриженост за цивилното население и повика на најголема воздржаност“, беше објавено.
Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации по најголемиот напад врз Израел во последните неколку години, а дипломати на ОН велат дека тоа ќе биде утре.