Шефот на МААЕ, Гроси ја одложи посетата на нуклеарната централа Запорожје

grosi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ја одложи планираната посета на нуклеарната централа Запорожје во Украина од безбедносни причини, соопштено е денеска од Киев.

Висок владин функционер, кој сакаше да остане анонимен рече дека Гроси „чека да може безбедно да патува“ и додаде дека посетата е одложена за „неколку часа“, пренесува Би-Би-Си.


Руските новински агенции јавуваат дека посетата е одложена за еден ден.

По вчерашниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, Гроси требаше да отпатува во најголемата нуклеарна централа во Европа, која сега е под руска опсада.

МААЕ сака пристап до локација во близина на централата за да го провери нивото на водата, бидејќи јавноста е загрижена за безбедноста, откако пробивањето на браната Каховка предизвика поплави минатата недела.

Шефот на агенцијата во разговор со новинарите во Киев рече дека електраната се соочува со „релативно опасна ситуација“ по пукањето на браната и почетокот на контраофанзивата на Киев.

Руските сили ја зазедоа браната на хидроелектраната и нуклеарната централа во јужна Украина набрзо по почетокот на нивната инвазија во февруари 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK