Шефот на Европскиот совет: Америка и ЕУ само заедно можат да ја запрат војната во Украина

zelenski-kosta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сега не е време за шпекулации за различни сценарија, туку за зајакнување на Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, по завршувањето на самитот на ЕУ.


„Ова не е време да се шпекулира за различни сценарија, сега е време да се зајакне Украина за сите сценарија“, рече Коста вчера на прес-конференција. Украина беше една од главните теми на самитот на чиј почеток учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека само заедно, ЕУ и САД, можат да ја запрат војната и дека европските безбедносни гаранции, без американските, нема да бидат доволни. Коста рече дека ЕУ е обединета во поддршката на Украина за да постигне сеопфатен, траен и праведен мир. „Ниту било каков мир, ниту капитулација“, рече Коста.

Само Украина може да одлучи кога ќе се исполнат условите за мировни преговори, рече Коста.

Слична порака имаше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој рече дека ќе почека новиот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата и потоа „во духот на трансатлантското партнерство и во договор со Украина ќе се направи обид да се создадат предуслови за мир, но не каков било, туку мир кој ќе го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет и интегритет на Украина“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Украина би можела да го отвори првиот кластер во пристапните преговори на почетокот на следната година, доколку продолжи да ги спроведува реформите со сегашната стапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРНА ГРАДБА: НОВОПЛАНИРАН СН10(20)КV КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД СО НОВОПЛАНИРАНА ТРАФОСТАНИЦА ТС 10(20)/0,4KV НА ДЕЛ ОД КП 745/2 ВО КО ОХРИД 4 ,ОПШТИНА ОХРИД