Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин

vilijam barns
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија.


– Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пренесе Би-би-си.

Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија. Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин.

Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс. Тој додаде дека Путин би можел да почека со одмаздата.

– Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Пригожин избегне понатамошна одмазда, рече Барнс.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден.

Директорот на ЦИА исто мисли како Бајден. „Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА имала информации за бунтот на Вагнер.

Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин. Брнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин.

– Бунтот на Вагнер беше најдиректниот напад што Путин го видел во неговите 23 години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено врз лаги, рече Барнс.

– Ако Украина постигне понатамошен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната, нагласи тој.

Шефот на ЦИА додаде дека постојат знаци дека Русија би можела да нападне бродови во Црното Море, а потоа да ги обвини Украинците за тоа, јави Би-би-си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK