Шефот на австриската дипломатија го обвини Израел за кршење на меѓународното право

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг го обвини Израел за кршење на меѓународното право, наведувајќи неколку напади врз мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) како очигледен пример.



„Сосема е јасно дека секој напад врз мисијата на ОН, како што е УНИФИЛ во јужен Либан, е јасно кршење на меѓународното право и е неприфатливо, без разлика дали е намерно или ненамерно“, рече Шаленберг за јавниот радиодифузен сервис ОРФ. Како што додаде, работата на министерот за надворешни работи е „особено тешка во овој момент“.

Педесет и петгодишниот политичар од владејачката конзервативна Австриска народна партија (ОВП) повика на прекин на огнот и „повеќе простор за дипломатија и дијалог“.

Откако ги осуди израелските напади врз мисијата на Обединетите Нации, водителот на ОРФ го праша шефот на австриската дипломатија за тоа што неговото министерство, за разлика од Франција и Германија, не го поканило израелскиот амбасадор да ги потсети на нивните меѓународни обврски.

Шаленберг рече дека Австрија тоа многу јасно го соопштува преку својата амбасада во Израел и израелскиот амбасадор во Виена.

Министерот за надворешни работи додаде дека разговарал со својот израелски колега и го објаснил ставот на Австрија.

„Заштитата и безбедноста на војниците во оваа мисија УНИФИЛ на ОН, вклучително и 160 австриски војници, не е изборна, туку јасна должност“, рече Шаленберг.

Тој посочи дека мандатот на мисијата на ОН се заснова на резолуцијата на Советот за безбедност, и дека тоа е обврска за сите земји-членки на ОН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK