Шарл Мишел го критикуваше Орбан за водењето разговори за Украина

677z381_SARLMISEL8112022.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата изјава дека ЕУ има „провоена“ позиција во Украина, наведувајќи дека Орбан нема мандат да води разговори за тој конфликт во име на Унијата.

„Ротационото претседателство со Советот на ЕУ нема улога во претставувањето на Унијата на меѓународната сцена и нема мандат на Европскиот совет да се ангажира во име на Унијата“, рече Мишел во писмото до Орбан, до кое Ројтерс имаше пристап.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK