Северот на Италија го зафати невреме кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај беше запрен, а училиштата на некои места беа затворени, според локални медиуми.
Невремето го погоди северозападниот регион Лигурија. Два лета за Џенова беа пренасочени кон Пиза и Торино, а летовите од Рим и Пиза беа пренасочени кон Катанија или откажани.
Портокаловиот аларм е вклучен во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја, каде училиштата се затворени, пренесува „Стампа“.
Невремето денеска ќе ги зафати Ломбардија и Тоскана, соопштија надлежните служби. Вниманието е фокусирано на провинциите Парма и Пјаќенца и на планинските и ридските области на провинцијата Реџо Емилија. Во Милано е активиран жолт метео аларм поради опасност од излевање на двете реки Севесо и Ламбро, јавува Танјуг.
Надлежните апелираа до граѓаните да не застануваат во близина на дрвја, скелиња и градилишта за време на невремето.