Северна Кореја тестираше нови тактички балистички ракети користејќи супер големи боеви глави и модифицирани крстосувачки ракети, а лидерот Ким Џонг Ун повика на зајакнување на конвенционалното оружје и нуклеарните способности, објави државната новинска агенција КЦНА.
„Тестовите за подобрување на способноста за оружје се неопходни поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили за безбедноста на земјата“, рече Ким. Војската на Јужна Кореја, во средата, исто така, извести за истрелување повеќе балистички ракети со краток дострел, што претставува втор пат во една недела Северна Кореја да тестира ракети.
Минатата недела, Северна Кореја, исто така, го откри капацитетот за збогатување ураниум, како прв таков јавен извештај досега.
Ким ја истакна „потребата да се продолжи со зајакнување на нуклеарните сили и да се поседуваат најсилни воено-технички способности и супериорни офанзивни способности во областа на конвенционалното оружје“, објави КЦНА.