Северна Кореја изрази поддршка за Русија по бунтот на групата Вагнер

severna-koreja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Кореја изрази целосна поддршка за Русија по бунтот на паравоената група Вагнер, објавија денеска медиумите во Пјонгјанг.

На состанокот со рускиот амбасадор во Пјонгјанг, Александар Мачегор, заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Им Чон Ил, „ја изрази својата цврста верба дека неодамнешниот вооружен бунт во Русија ќе биде успешно задушен“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.


Силите на платениците од Вагнер почнаа да ги напуштаат своите позиции во Русија по наредба на нивниот лидер Евгениј Пригожин, кој се согласи да се повлече по преговорите со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Севернокорејскиот дипломат уште рекол дека „руската армија и народ ќе ги надминат тешкотиите и ќе излезат како херојски победници од специјалната воена операција против Украина“, додаде КЦНА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK