Северна Кореја истрела повеќе од 200 гранати, Јужна Кореја евакуираше два острова

Северна-Кореја-истрела-повеќе-од-200-гранати-Јужна-Кореја-евакуираше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови по артилерискиот оган на Северна Кореја, пренесува „АФП“. Јужна Кореја им порача на цивилите на островот Јеонпјеонг да се евакуираат откако Северна Кореја истрела околу 200 артилериски гранати од нејзиниот западен брег кон островот, соопшти рано утринава Министерството за одбрана на Сеул.


„Северна Кореја испука околу 200 гранати во близина на островот Јеонпјеонг“, изјави претставник на Министерството за одбрана на брифингот, а локалните власти во Јеонпјеонг, дом на околу 2.000 луѓе, изјавија за АФП дека цивилите биле замолени да се евакуираат. Локален функционер потврди дека жителите на вториот остров исто така биле замолени да се евакуираат, пренесува „АФП“.

Јужна Кореја го осуди потегот на гранатирање, нарекувајќи го „провокативен чин“ и вети дека ќе одговори. Во 2010 година, Северна Кореја испука десетици истрели на островот Јеонпјеонг, при што загинаа четири лица.

Артилериските гранати истрелани утринава меѓу 9 и 11 часот по локално време не навлегле на територијата на Јужна Кореја бидејќи сите паднале во тампон зоната меѓу двете земји.

Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја рече дека инцидентот не предизвикал никаква штета на народот или војската, но додаде дека чинот „го загрозува мирот на Корејскиот полуостров и ги зголемува тензиите“.

 

Островот Јеонпјеонг, каде има воена база и околу 2.000 цивили, се наоѓа на 3 километри од спорната поморска граница во Жолтото Море и на 12 километри од севернокорејскиот брег. Тоа беше сцена на меѓукорејски поморски конфликти низ годините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK