Сестрата на Ким Џонг-ун: Нема пречки за воспоставување поблиски врски со Јапонија

Северна-Кореја-истрела-повеќе-од-200-гранати-Јужна-Кореја-евакуираше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ким Јо Јонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, рече дека нема причина нејзината земја и Јапонија да немаат поблиски врски и дека може да дојде денот кога јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе го посети Пјонгјанг, објави државната новинска агенција КЦНА.


Ким рече дека недамнешните коментари на Кишида, доколку се насочени кон подобрување на односите меѓу двете земји, може да се сметаат за позитивни.

Кишида ги засили напорите да се сретне со севернокорејскиот лидер.

Тој се залагаше за одржување самит со Ким за да се обезбеди ослободување на јапонските граѓани киднапирани од Северна Кореја пред неколку децении, тврдат извори во Вашингтон и Токио запознаени со дипломатските разговори, објави „Фајненшл тајмс“.

Изворите, кои сугерираат дека контактите се канализираат преку Пекинг, велат дека тие напори допрва треба да вродат со плод бидејќи Ким досега одбивал да соработува за прашањето на киднапираните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK