Сенегал го суспендираше ТикТок со образложение дека ја загрозува стабилноста

senegal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, изјави денеска министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.

„Министерот… ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.


Западноафриканската земја, исто така, го ограничи пристапот до интернет услугите од понеделникот, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK