Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО

us senat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот Сенат синоќа гласаше за вклучување на амандман во законот за трошоци за одбрана за 2024 година според кој претседателот на САД ќе го изгуби правото за унилатерална одлука за повлекување на САД од НАТО.

Двајца американски сенатори, демократот од Вирџинија Тим Кејн и републиканецот од Флорида Марко Рубио, се креатори на оваа легислатива, а по повиците пред неколку години на поранешниот претседател Доналд Трамп за излишноста од членството во НАТО и постоењето на воената алијанса.


Сенатот гласаше со 65 гласа „за“ и 24 „против“.

Според Закон за авторизаација на националната одбрана САД за фискална 2024 година обезбедуваат 886 милијарди долари за одбрана. Законот помина во Конгресот но треба да има претреси во уште неколку конгресни комитети.

Амандманот за НАТО веќе помина претрес во Комитетот за надворешни работи на претходниот Конгрес со, како што кажа Кејн „добра, силна двопартиска подршка“.

Кејн-Рубио легислативата би го блокирала врховниот командант на САД да ја повлече земјата од членство во НАТО без согласност од Сенатот. Нацрт законот беше ставен повторно на агендата на сенатот минатата недела за време на самитот на Алијансата во Вилнис, за да се покаже континуираната подршка на Вашингтон за алијансата.

-Претседателот нема да ги суспендира, прекинува, отповикува или повлекува Соединетите Држави од Северно атлантскиот договор постигнат во Вашингтон, округ Колумбија на 4 април 1949 година освен од и со совет и одобрување на Сенатот, со обезбеден кворум со присуство на две третини од вкупниот број сенатори или со одлука на конгресен акт, се вели во предлогот на сенаторите Кејн и Рубио.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK