Престанете да ја финансирате Украина, повика републиканскиот сенатор Ренд Пол во напис за „Американски конзервативец“.
Тој додаде дека Соединетите Американски Држави нема да го спасат Киев со влегување во војна против Русија.
„Колку подолго трае овој воен конфликт, толку е поголем ризикот секоја грешка или насочена провокација да го вовлече Вашингтон во директен конфликт со Москва. Нејзината војска може да има одредени неуспеси, но Русија, како и досега, го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот. Ајде, да не се преправаме дека учеството на Америка во тој конфликт не е ризично“, се наведува во написот.
Се додава дека се додека трае конфликтот во Украина, секој ден ќе се врти тркалото на рулетот и секогаш постои опасност топката да застане на местото каде што пишува „Армагедон“.
„Ќе платиме за таа неизвесна игра. Не можеме да се преправаме дека сè е во најдобар ред. Не можеме да ги ставиме потребите на другите земји пред нашите, не можеме да ја спасиме Украина, осудувајќи ја американската економија на неуспех. И, се разбира, ние не можеме да го спасиме Киев со војна против Русија“, се заклучува во написот на американскиот сенатор.