Семејството на Метју Пери зборуваше за првпат по неговата смрт

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Година по неговата смрт, семејството на Метју Пери зборуваше јавно. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „Хелоу“ и ги открија плановите за Фондацијата Метју Пери во Канада.



Според официјалната веб-страница на организацијата, фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединците кои живеат со нарушувања од зависноста по третманот“.

„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и да работам со него секој ден на нешто што му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на фондацијата.

„Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да го имам блиску до мене“, додаде таа.

„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето кои се борат со зависноста“, додал очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.

„Кога Метју ненадејно умре, тоа беше неверојатно шокантно… Секој што изгубил дете ќе ви каже дека дури и ако сте некако подготвени за оваа можност, тоа е поразително“, изјави Морисон.

„Она што решивме да го изввлечеме од целата трагедија беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.

Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и други фактори кои го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во џакузи, според обдукцијата во декември. Актерот јавно ја призна децениска употреба на супстанции, вклучително и во годините кога го играше Чендлер Бинг во хит телевизискиот ситком од 1990-тите „Пријатели“.

За потсетување, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петтемината обвинети за неговата смрт од предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.

Друг лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетата Јасвен Санга, позната како „Кралицата на кетаминот“. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вбризгал дрогата на Пери, и наводниот посредник кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK