Семејството на истражувачот кој загина во експлозијата на подморницата „Титан“ бара огромна отштета

titan-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семејството на францускиот истражувач кој загина во експлозијата на Титан, поднесе тужба барајќи повеќе од 50 милиони долари отштета од операторот на подморницата.



Пол-Хенри Наргеолет беше меѓу петте луѓе кои загинаа кога подморницата Титан имплодира додека патуваше кон потонатиот брод Титаник во северниот дел на Атлантикот во јуни 2023 година. .

Познат како г-дин Титаник, Наргеолет го посетувал местото на Титаник многу пати и се смета за еден од луѓето кои најмногу се запознаени со познатиот брод. Адвокатите рекоа дека „подморницата осудена на пропаст“ имала „проблематична историја“ и дека „Оушн гејт“ не успеал да ги открие клучните факти за нејзината издржливост.

Во тужбата понатаму се наведува дека иако Наргеолет бил назначен од „Оушн Гејт“ како член на екипажот, многу детали за дефектите и недостатоците не биле откриени и биле намерно сокриени, се вели во изјавата на адвокатот. Портпаролот на „Оушн Гејт“ одби да ја коментира тужбата, која беше поднесена во вторникот во округот Кинг, Вашингтон.

Тони Базби, еден од адвокатите во случајот, рече дека една од целите на тужбата е „да се добијат одговори точно како се случило ова, кој бил вклучен и како инволвираните можеле да дозволат тоа да се случи“.

По катастрофата се наметна прашањето дали Титан бил осуден на пропаст поради неговиот неконвенционален дизајн и одбивањето на неговиот креатор да се подложи на независните проверки кои се стандардни во индустријата, пишува Гардијан.

Имплозијата на Титан, исто така, ги покрена прашањата за одржливоста и иднината на приватното истражување на длабокото море. Американската крајбрежна стража брзо свика истрага на високо ниво, која сè уште е во тек. Клучната јавна расправа е закажана за септември.

Титан го направи своето последно нуркање на 18 јуни 2023 година, во недела наутро, и изгуби контакт со бродот за поддршка околу два часа подоцна. По мисијата за пребарување и спасување која привлече светско внимание, остатоците од Титан беа пронајдени на дното на океанот на околу 300 метри од Титаник.

Извршниот директор и ко-основач на „Оушн Гејт“, Стоктон Раш, управувал со Титан кога тој експлодирал. Освен Раш и Наргеолет, во имплозијата загинаа и британскиот авантурист Хамиш Хардинг и двајца членови на угледно пакистанско семејство, Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман Давуд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK