Семејствата на жртвите бараат од Боинг отштета од рекордни 25 милијарди долари

363540b2-be15-4a39-8987-c68f378a1d4b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Семејствата на жртвите на двете несреќи на Боинг 737 Макс побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за најсмртоносниот корпоративен криминал во историјата на САД.

Пол Касел, адвокатот на семејствата, рече дека тоа е разумна сума со оглед на огромните човечка цена за злосторствата на Боинг. Би-Би-Си имал увид до документ од 32 страници, каде Касел вели дека американската влада треба да ги гони оние кои ја водеа компанијата кога во несреќите загинаа 346 луѓе во 2018 и 2019 година.

Во октомври 2018 година, сите 189 патници на летот на „Лајон ер“ загинаа кога авионот се урна во море – 13 минути по полетувањето од Џакарта, Индонезија. Во март 2019 година, авион на „Етиопија ерлајнс“ се урна шест минути по полетувањето од главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Сите 157 патници загинаа.

Двете несреќи се поврзани со неисправни системи за контрола на летот. Извршниот директор на Боинг, Дејв Калхун, рече пред Конгресот дека компанијата направила некои грешки и дека сега ги научила лекциите од минатото. Тој призна и дека Боинг им  се одмаздил на свиркачите.

Министерството за правда размислува дали повторно да ги отвори обвиненијата за криминални измами против Боинг поднесени во 2021 година, а кои се поврзани со двете несреќи. Одлуката треба да биде донесена до 7 јули. Семејствата на загинатите во несреќите присуствуваа на конгресното сослушување во вторникот, држејќи фотографии од своите најблиски.

„Отлетав од Англија до Вашингтон за лично да слушнам што има да каже извршниот директор на Боинг до Сенатот и светот за подобрувањата во безбедноста“, рече Зипора Курија, чиј татко загина во несреќата во 2019 година. „Исто така, продолжувам да вршам притисок „Боинг“ и неговите раководители да ги сметаат за кривично одговорни за смртта на 346 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK