Семејна драма се случи утрово на Сардинија, кога мажот Р.Г. (52) ги убил сопругата и двете деца, а ранил уште три лица.
Според медиумите, мажот отворил оган во две различни куќи во Нуор, по што се самоубил.
Прво ги застрелал сопругата (43) и ќерката (26), а потоа пиштолот го насочил кон уште две деца (9 и 14). Тој пукал и ранил и сосед.
Мажот потоа отишол во куќата на својата мајка и пукал во неа, при што тешко ја ранил во главата. После тоа извршил самоубиство.
По неколку часа во болница починало уште едно од неговите деца (9).
Според медиумите тој и неговата сопруга биле разделени. Живеел во куќата на неговата мајка.
Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот. Истрагата продолжува, соопшти полицијата, а оружјето со кое е извршен масакрот се уште не е пронајдено.