Седум лица загинаа во експлозија во фабрика во Индија

Седум-лица-загинаа-во-експлозија-во-фабрика-во-Индија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Експлозија уби седум лица, а повреди 24 во фабрика на индискиот производител на специјални хемикалии Aether Industries во западниот пристанишен град Сурат, потврди компанијата.


Причината за експлозијата допрва треба да се утврди, изјави претставникот на градската противпожарна служба Омпракаш Мишра, иако пожарот што го предизвика е изгаснат. Дваесет и четворица повредени работници се згрижени во болницата, рече тој.

Акциите на Aether Industries паднаа за дури 6,2 отсто во четвртокот, откако веста за експлозијата ги сруши за 8,4 отсто претходниот ден.

„Целата регулаторна и владина компензација на семејствата на сите жртви ќе биде исплатена експедитивно и целосно“, се вели во соопштението на Етер Индустрис.

Тие ветија дека ќе дадат дополнителна отштета во износ од 59.984 долари на семејствата на загинатите. Компанијата ќе ги покрие и медицинските трошоци за повредените работници и ќе обезбеди 30.000 долари по лице „во случај на траен инвалидитет“.

Етер ќе го затвори погодениот објект во Сурат „неколку дена за да спроведе структурна ревизија, форензика  и мониторинг“, изјави извор за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

Полицијата во државата Гуџарат, каде што се случи експлозијата, претходно изјави за Ројтерс дека седум тела се извлечени од фабриката, додавајќи дека властите сега ја прекинуваат потрагата по исчезнатите работници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK