Разговорите за тоа дали на Украина да и се обезбедат германски крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ повторно се вжештија откако политичарите внатре и надвор од Владата инсистираа Киев да го добие вооружениот систем што одамна го бараше, јави ДПА.
Портпаролката на германското Министерство за одбрана денеска јасно стави до знаење: „Политичка одлука за предавање (на оружјето) не е донесена“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус неодамна истакна дека Германија не е единствената земја што не обезбедува ваков тип ракети, соопшти денеска неговиот кабинет.
„Не не сме единствените кои не ги доставуваме. Нашите сојузници од САД исто така не ги обезбедуваат овие крстосувачки ракети“, рече министерот.
Ракетните системи можат да уништат бункери и заштитени командни пунктови на оддалеченост до 500 километри. Нивното испраќање во Украина се смета за особено чувствително прашање, бидејќи канцеларот Олаф Шолц не сака Германија да се гледа како снабдувач на оружје што може да му наштети на цивилното население на Русија, со оглед на активностите на германската војска за време на Втората светска војна, посочува ДПА.