Се врши ДНК на жртвите во авионската несреќа во која загина Пригожин

prigozin-avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Форензичарите вршат ДНК-испитување за да ги идентификуваат десетте лица кои загинаа во авионската несреќа во областа Твер, соопшти Рускиот истражен комитет, пренесе „ТАСС“.


– За време на првичната истрага на местото на несреќата откриени се телата на 10 жртви. Во тек се молекуларни генетски тестови за нивна идентификација – соопшти прес-службата, а пренесе „Танјуг“.

Според првичните информации, во авионот имало 10 лица и сите загинале во несреќата.

Федералната управа за воздухопловство на Русија објави дека Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена организација Вагнер, е наведен како патник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK