Се урна станбена зграда во популарна населба во Хавана, има загинати

Се-урна-станбена-зграда-во-популарна-населба-во-Хавана-има.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку три лица загинаа при делумно уривање на станбена зграда во Хавана, јавија кубанските медиуми.


Делумното уривање на трикатната зграда, што се случи во стариот кварт на Хавана популарен меѓу туристите, уништи станови во кои живееја 13 семејства со вкупно 54 лица, пренесува „Ројтерс“.

Делот од терасата што се урна затрупа неколку лица внатре во објектот.

Властите во оваа карипска земја признаваат дека не се во можност ниту да вршат редовни поправки на дотраените станбени објекти, ниту да градат нови, често оставајќи бројни граѓани во опасни станбени услови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK