Во централно Мексико, 15 метри висок дел од скеле на проект за пат се урна во саботата, при што загинаа пет работници, а тројца беа повредени, соопштија властите.
Работниците истураа цемент во огромен калап на нешто што изгледаше како потпорен ѕид на автопатот кога калапот и скелето попуштија. Во тој момент се се урнало и работниците паднале заедно со металот и влажниот цемент, јавува Еј-би-си Њуз.
Одделот за транспорт соопшти дека несреќата се случила во централната држава Идалго и дека сите работници се извлечени од урнатините. Објектот го градел приватен изведувач, а причината за уривањето се истражува.
Во Мексико, целокупната безбедност на работното место е многу лоша.