Во Прага утрово се судрија два патнички воза, а полесно се повредени десет лица, јавува чешката агенција ЧТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.
Возовите се судрија во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица.
Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.