Се подготвуваат големи промени во домашните летови на аеродромите во Шенген зоната

sengen zona
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија подготвува измени со кои треба да се промени праксата во Шенген зоната летовите во рамките на самата зона да се третираат како домашни летови.

На домашните летови и летовите во рамките на Шенген зоната, до сега немаше контрола на документи, ако не се брои контролата на личните документи кои компаниите ги контролираат при влегувањето во авион. Но, наскоро овие контроли би требало да станат посериозни. Како што пренесува неделникот Шпигел (Der Spiegel), во иднина авиокомпаниите треба да собираат т.н API податоци, односно информации за идентитетот на патникот и да ги испратат до властите, пренесуваат германските медиуми.


Иако, според нацрт-законот што го подготви Европската комисија, не станува збор за класични контроли што ги врши граничната полиција, туку персоналот на авиокомпаниите, сепак се стравува дека на крајот се ќе се сведе на класична „предшенген“ контрола со редици и губење време.

-Зад нас се веќе времињата кога едноставно ќе отидевме до „гејтот“ и ќе полетавме, песимистичен е претставникот на германската Либерално-демократска партија (ФДП) во Европскиот парламент, Јан-Кристоф Отјен. Тој очекува дека сите патници, дури и оние кои патуваат само со рачен багаж, ќе мора да ја скенираат личната карта или пасошот на шалтерот за пријавување.

Либералниот политичар е убеден дека контролата на документите ќе се врши на самиот шалтер, а не при влегувањето во авионот.

-Компаниите стравуваат дека откривањето проблеми со документите само за време на влегувањето во авион може да доведе до големи одложувања, смета либералниот политичар.

Во тој случај многу поедноставно е компаниите едноставно да им наредат на патниците да дојдат порано за да ги проверат документите на шалтерот. Може да се случи многумина кои летаат до и од Хрватска и кои по влезот на земјата во Шенген зоната на почетокот на годината се навикнаа на порелаксирано патување, наскоро ќе мора да се откажат од оваа привилегија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK