Се огласија од Кока Кола за случајот со труење во Хрватска

Се-огласија-од-Кока-Кола-за-случајот-со-труење-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На социјалните мрежи масовно се шират информации кои ги предупредуваат хрватските граѓани дека некои газирани сокови и одредена флаширана вода се отровни.


Наставниот институт за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово потврди дека на анализа пристигнале првите примероци на сокови и минерална вода од кафулињата во Риека, по дојавата дека некои лица пиеле минерална вода од еден производител и се затруле од киселина која им го испржила хранопроводникот, пренесува „Вечерњи.хр“.

Конечно, како што пренесуваат хрвтаските медиуми, стигна одговор од Кока Кола Хрватска за случајот со труењето. Тие потврдија дека случајот со маж кој бил хоспитализиран со хемиска повреда на хранопроводникот е поврзан со шише минерална вода „Ромеркуеле“. Тие тврдат дека се работи за изолиран случај.

„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330 ml. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на личноста инволвирана во овој случај. Целосно сме отворени за соработка со сите надлежни органи“, изјавиле од Кока Кола Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK