Се огласи Клиничкиот центар во Сараево за смртта на девојчето по вадење заб

456-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако доживеа тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.


Во врска со овој трагичен настан КЦУС излезе со соопштение.

„Колективот на КЦУС изразува искрено сочувство до семејството по повод овој немил настан, смртта на шеснаесетгодишно девојче. Како професионалци, колку и да сте подготвени, смртта е секогаш тежок удар, особено кога станува збор за млад човек. Поради оваа причина, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на кантонот Сараево побараа да се спроведе внатрешен стручен надзор над целокупниот третман на пациентот со цел да се утврдат сите околности и точниот тек на лекувањето“, пишува во соопштението на КЦУС, пренесуваат медиумите во регионот.

Во написите потсетуваат дека по извршена стоматолошка процедура во приватна ординација, девојката се здобила со сериозни компликации, поради што итно била префрлена во КЦУС. И покрај сите напори на лекарскиот тим да и го спасат животот, таа починала.

Точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата, а од Обвинителството на Кантонот Сараево потврдија дека се покренати истраги во врска со овој случај.

„Постапката е во тек, се преземаат дејствија со цел да се утврдат сите околности на смртта. Со оглед на тоа дека се работи за малолетно лице, Ообвинителството во моментов не може да даде повеќе информации“, велат од обвинителството за Н1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK