Соединетите Американски Држави воведоа санкции кон организациите во Иран и Русија, обвинувајќи ги за обид за вмешување во американските избори во 2024 година.
Министерството за финансии на САД во соопштението рече дека подружница на Иранската револуционерната гарда (IRGC) и организација поврзана со руската воена разузнавачка агенција (ГРУ) – се обиделе да „поттикнат општествено-политички тензии и да влијаат врз американското бирачко тело за време на изборите во САД во 2024 година.
„Владите на Иран и Русија ги целеа нашите изборни процеси и институции и се обидоа да го поделат американскиот народ со насочени кампањи за дезинформација“, соопшти министерот за тероризам и финансиската разузнавачка служба, Бредли Смит.
„САД ќе бидат внимателни кога станува збор за противници кои би ја поткопале нашата демократија“.
Министерството за финансии ја обвини московската Cognitive Design Production Center за ширење дезинформации за кандидатите на изборите.
Центарот со седиште во Москва, под инструкции на ГРУ, користел генеративни алатки за вештачка интелигенција за брзо создавање дезинформации дистрибуирани преку мрежа на веб-страници дизајнирани да изгледаат како легитимни вести, соопшти Министерството за финансии.