САД: Стотици севернокорејски војници загинаа во Курск

vojnici-kursk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досега стотици севернокорејски војници се убиени или ранети во руската област Курск, изјави висок американски воен претставник.


„Неколку стотици жртви е нашата најнова проценка за воените загуби што пристигнаа во Русија од Северна Кореја“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен. Според претходните изјави на Западот, се проценува дека Северна Кореја ја поддржала руската агресија испраќајќи неколку илјади свои војници во руската област Курск.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на севернокорејските војници, кој нагласи дека Русија се обидува да ги прикрие нивните загуби, а притоа користи и екстремни акции.

„Русија ги обучуваше во тајност, потоа ги распоредуваше, а сега ја крие нивната смрт. По нивната смрт тие го кријат идентитетот со палење на нивните лица“, рече претседателот Зеленски и уште еднаш апелираше до севернокорејската армија „да не се бори за Путин“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK