САД со тужба за сторено тешко злосторство против лице задржано со оружје во близина на домот на Обама

tejlor_8989887
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Сојузни обвинители денеска соопштија дека покренуваат тужба за сторено тешко злосторство против лице кое минатата недела било уапсено и носело оружје во близина на домот на поранешниот претседател Барак Обама во Вашингтон, и испраќало закани до останати политичари.

Се работи за лицето Тејлор Таранто, против кого имало отворено налог за задржување а поврзано со обвиненија околу нападот на Капитолот на САД.


Пред да биде уапсен Таранто преку социјална мрежа за време на пренос во живо тврдел дека носи детонатор. Се дознава дека на социјалната мрежа „Трут соушал“ тој препратил соопштение од поранешниот претседател Доналд Трамп со адресата на Обама во Вашингтон.

Лицето од минатата недела е во притвор и федерални обвинители утврдуваат дали притворот треба да продолжи поради тужбите за прекршок за време на нападот на Капитолот. Исто укажаа дека планираат да додадат и федерална тужба за сторено тешко злосторство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK