– САД остро го осудија нападот на демонстрантите врз шведската амбасада во Багдад и нагласија дека е „неприфатливо“ што ирачките безбедносни сили направиле малку за да ја заштитат мисијата.
– САД силно го осудуваат нападот врз шведската амбасада во Багдад во раните утрински часови на 20 јули, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Неприфатливо е ирачките безбедносни сили да не дејствуваат за да ги спречат демонстрантите по вторпат да го пробијат комплексот на Шведската амбасада и да го оштетат“, рече тој.