САД се повторно примени во УНЕСКО

unesko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД се повторно примени во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), која ја напуштија во времето на претходниот претседател Доналд Трамп.

Многу очекуваната одлука беше донесена денеска на крајот од дводневната специјална сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.


САД ја напуштија организацијата со седиште во Париз пред речиси пет години, која администрацијата на Трамп ја обвини за анти-израелска пристрасност и лошо управување. Актуелниот американски претседател Џо Бајден прекина со поизолационистичката политика на неговиот претходник.

Генералната конференција на УНЕСКО ја усвои резолуцијата за враќање на членството на САД со поддршка од 132 земји, 15 земји гласаа „воздржани“, а 10 – „против“.

Меѓу противниците беа Сирија, Иран, Кина и Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK