САД планираат нов пакет воена помош за Украина од осум милијарди долари

pogoden-hotel-ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави имаат намера да објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од осум милијарди долари за време на посетата на претседателот Володимир Зеленски на Вашингтон, јавува денеска Ројтерс, повикувајќи се на изјави на американски претставници.


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден интензивно разговараше со Конгресот за да се овозможи повлекување на 5,6 милијарди долари за воена помош за Украина пред 30 септември, крајот на федералната фискална година.

Американските власти тврдат дека Белата куќа денеска ќе го информира Конгресот за помошта за Украина од американските воени резерви, но содржината на тој пакет се уште не е дефинирана.

Дополнителни 2,4 милијарди долари треба да се обезбедат во рамките на Иницијативата за безбедносна помош за Украина, а овие пари ќе се користат за купување оружје за Украина, наместо да се повлечат од залихите на американската војска.

Таа помош вклучува муниција, оружје, борбени дронови и материјал потребен за производство на муниција во самата Украина, изјавил неименуван извор за Ројтерс.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, американскиот Конгрес и одобри воена помош на таа земја во износ од 175 милијарди долари, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK