Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки за системи за противвоздушна одбрана и ракети-пресретнувачи Патриот и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.
Овој потег би можел да биде објавен подоцна во текот на денот, се вели во извештајот на ФТ, цитирајќи три добро информирани луѓе запознаени со потегот.
Како што пренесува Ројтерс, Украина бара американски ракетни системи Патриот кои се покажаа како витални за способноста на Киев да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.